Млади музичари од Македонија во следниот месец и пол ќе имаат концерти во Јапонија. Вкупно 38 македонски музичари, 26 студенти на штипскиот факултет за музича уметност и 12 ученици од скопското средно училиште „Илија Николовски-Луј“ ќе изведат 30 концерти. Тие ќе ги претстават македонската култура, фолклорот, традицијата и обичаите. Младите музичари ги прими министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска и им посака успешна турнеја. Таа рече дека на концертите ќе бидат претставени македонската песна, ората од сите краеви на Македонија, носиите, традиционалните музички инструменти.- Тоа е огромно богатство за Македонија. По враќањето ќе биде одржан концерт и во Македонската опера и балет за да можат граѓаните да го видат сето она што тие ќе го презентираат во Јапонија – рече Kанческа-Милевска. Овие ученици веќе се вклучени со повеќе активности во Музејот на македонската борба, потоа при отворањето на Музејот во Kуманово и на изложбата во Музејот на скопската Стара чаршија.
На програмата, покрај големиот репертоар на македонските традиционални игри и песни, ќе бидат прикажани и песните, обичаите и ората на Турците, мегленските Власи, Албанците од околината на Скопје, Ромите и исламизираните Македонци од струшки Дримкол и од пределот Гора.
Концерти ќе бидат одржани во Токио, Осака, Нагоја, Фукуока и во други градови. Во некои од нив ќе настапат со по два концерта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.