| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за „Монти Пајтон“ продадени за 43, 5 секунди

Билетите за четирите дополнителни настапи на комичарската трупа “Монти Пајтон” беа распродадени за рекордни 43,5 секунди.

Дополнителните претстави, кои ќе се одржат поради огромниот интерес, беа објавени на 19 ноември. ”Монти Пајтон” ќе ги израдуваат пак обожавателите на 2, 3, 4 и 5 јули на истата сцена, на која беше претставено и првото шоу во лондонската O2 Arena. Цената на билетите е од 32 до 106 британски фунти.

“Монти Пајтон” е основана во 1969 година, а во 1983 година се распаѓа. Трупата се состои од потврдените британски комичари Џон Клиз, Тери Џонс, Мајкл Пејлин, Тери Гилијам, Ерик Ајдл и Греам Чапман. Екипата снима ТВ шоуа, долгометражни филмови, прави театарски претстави, музика и издава книги.

Меѓу богатата продукција во текот на годините на “Монти Пајтон”  се издвојува ТВ шоуто “Летечкиот циркус на Монти Пајтон”, емитувано од 1969 до 1974 година, и филмовите “Монти Пајтон и светиот грал”, “Животот на Брајан” и “Монти Пајтон и смислата на животот “.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top