Британската двојка Дејвид и Ангела Дејвис, кои пред две години на Лотаријата “Евро милиони“ освоиле 148 милиони фунти (околу 177 милиони долари), моментално живеат одвоено, а нивните блиски појаснуваат дека причината за тоа, е како ќе ја вложат заедничката добивка.
По освојувањето на наградата двојката се иселиле од станот што го плаќале 70 фунти неделно, а се вселиле во вила од 9 милиони фунти.
Сега најверојатно ќе се разведуваат, а Дејв ги “замрзнал“ сите средства, за Ангела да не може да дојде до нив, бидејќи не му се допаѓало како таа ги троши парите.
Благодарение на добивката на Лотарија брачниот пар Дејвис се искачиле на 702 место на листата на најбогати парови во Велика Британија. Во тој момент биле побогати од славните парови како Шерон и Ози Озборн и Гвинет Палтроу и Крис Мартин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.