Во главниот град на Романија денеска ќе се одржи самит на шефови на влади на Кина и на земјите од централна и источна Европа, на кој ќе присуствува и македонскиот премиер Никола Груевски.
На самитот, кој се одржува втора година по ред, се очекува Кина да ги претстави новите планови за нејзиното натамошно дејствување во регионот на централна и источна Европа, како и можностите за понатамошна соработка, јави известувачот на МИА.
Најавено е присуство на шефови на влади и високи политички претставници на 17 држави кои ќе се обединат околу акциониот план за соработка кој ги содржи главните насоки за развој на односите и соработката на источна и централна Европа со Кина. Се очекува премиерите да се обврзат секоја есен да има редовен годишен состанок на кој ќе се следи развојот и реализацијата на планот, како и да се направи тригодишен план 2015 – 2018 година.
На маргините на форумот премиерот Груевски ќе оствари повеќе билатерални средби меѓу кои со неговиот кинески колега Ли Кекјианг, со претседателите на владите на Естонија и Полска, Андру Ансип и Доналд Туск, како и со претседателот на Домот на пратеници во Романија, Валериј Згона.
Иницијативата за соработка мегу земјите од ЦЕИ и Кина почна минатата година во Варшава каде што кинеската влада објави дека е подготвена да вложи 10 милијарди долари за инвестициски развој на овој регион.
Македонија е првата држава која веќе потпиша конкретен договор за искористување на дел од овие средства кои ќе бидат наменети за изградба на двете нови автопатски делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, вредни 580 милиони евра. Градежните работи се очекува да почнат в година, а финансирањето ќе биде преку кинеската Ексим банка и 10 проценти преку Буџетот на Република Македонија. Со двете нови делници се очекува да се овозможи полесно поврзување на источниот и западниот дел на земјата со главниот град и да се забрза локалниот економски развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски