| четврток, 6 декември 2018 |

„Имлек“ повторно на продажба

Групацијата „Денјуб фундс“ повторно отворила преговори за продажба на „Имлек“, во чија сопственост е Битолска Млекара, со потенцијален купувач – најави директорката за корпоративни и регулаторни работи на компанијата, Светлана Глумац, пренесува порталот Б92.

Таа во интервју за месечникот „Бизнис и Финансии“ не прецизирала со која компанија се преговара, туку истакнала дека продажбата е стратешка цел, иако можеби тоа нема да се случи наскоро.

Глумац истакнува дека претходните преговори за продажба на „Имлек“ се прекинати во мај, минатата година и дека една од причините била политичката ситуација во Србија по изборите и нестабилниот курс на српскиот динар.

-Сега ситуацијата е малку постабилна, повторно почнуваме со преговори со потенцијалните купувачи, па ќе видиме како ќе се развиваат – вели Глумац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top