| четврток, 6 декември 2018 |

Парис Хилтон ги тужи Словенците поради порно-филм

За Парис Хилтон најверојатно многумина не би ни слушнале да не се појавеше во јавноста нејзиното приватно секс видео кое се вика „Една ноќ во Париз“.

Од објавувањето на ова видео поминаа 12 години, но интересирањето никако да згасне, па така еден словенески интернет портал сеуште продава делови од тој филм.

Парис најавила тужба против сопственикот на интернет порталот и бара снимките да се тргнат, а сајтот „ПарисХилтонПорнВидеос“ да биде во нејзина сопственост.

Нејзиното порно видео легално го купила компанијата „Вивид“, а Парис тврди дека од видеото не заработила ниту цент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top