Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улица „Железничка“ во Охрид, дознава
Охриднет.
Пешакот од засега непознати причини бил удрен од автомобил марка „пежо“. Лицето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.