Оваа година при семејно насилство во Србија настрадале 76 лица од кои 45 жени, а регистрирани се и 5 чедоморства, соопштуваат од белградското советувалиште против семејно насилство. Во очи на светскиот ден против насилството над жените, се укажува дека тој број е неспоредливо поголем од ланскиот, кога настрадале 28 жени, додека „годинава се убиени 45 жени“. За жал за овој проблем се збори само кога нешто ќе се случи или се одбележува светскиот ден, посочуваат од таму. Србија неодамна ја усвои европската Конвенција за борба против насилство врз жената, за која се вели дека е најдобро креиран меѓународен документ во тој дел. Сепак, недостасува ефикасност во надминување на проблемот, односно брзината и казнувањето на насилниците, велат од белградското советувалиште против семејно насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Не е убавината пресудна: Овие работи им се најважни на мажите кога избираат партнерка
-
Жените ќе се грижат за парите во Македонија
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките


