Во чест на денот на раѓањето на легендарниот реге-музичар Боб Марли, задутре ќе се одржи забава во просториите на некогашниот клуб „Кастро“ во Скопје. Традиционалниот, т.н. зимски Боб Марли ден почнува во 21 часот. Гости на настанот ќе бидат диџеите Педро, Лаки, „Џам Систаз“ (Ели Раста грл и ИренСка) Чарлито, Гето Руди, Ајри Пајрат и „Марли трибјут бенд“.
Роденденот на култниот музичар ќе се одбележува со вакви и слични манифестации низ целиот свет. Боб Марли е роден на 6 февруари 1945 година, а почина на 11 мај 1981.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.