| четврток, 6 декември 2018 |

Азаров: „Русија ќе го преразгледа договорот за гас со Киев“

azarovПремиерот на Украина, Микола Азаров  изјави дека Русија ветила дека ќе го преразгледа договорот за гас со Киев од 2009 година. Азаров ги демантира наводите на лидерот на опозициската парламентарна фракција „Баткившчина“, Арсениј Јацељук дека како награда за одлуката на украинските власти да се откажат од договорот за асоцијација со Европската унија, Русија и доделила на Украина 20 милијарди долари.
– За нас основно е да се зачува трговско-економскиот режим со Русија, посочи Азаров.
Заради откажаниот договор, Киев го тресат протести на илјадници проевропски граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top