Гугл (Google) заедно со сајтот Burberry соработува на еден нов проект, кој нуди досега непозната услуга – испраќање на бакнеж до кого ќе посакате, благодарение на вашиот телефон или веб камера, пренесе Сошлнет.мк.
Услугата е достапна веќе некое време, но една нова карактеристика предизвика повеќе луѓе да ја искористат истата. Google ја ангажираше актерката Сиена Милер да ви покаже како точно да креирате и да испратите бакнеж.
Тоа е прилично лесно, всушност, единствено што треба да направите е да се логирате во специјалната Burberry платформа – kisses.burberry.com – и да го бакнете екранот на вашиот смартфон. Технологијата која е создадена од страна на Google, го претвара допирот на усните до екранот во дигитална фотографија.
Бакнежот претставува еден вид печат на дигитално писмо кое можете да го испратите преку социјалните мрежи како Google+, Facebook и Twitter или преку e-mail. Бидејќи постои поголема веројатност девојките да ја користат оваа услуга, за нив е предвидена и можност да ја изберат бојата на нивниот омилен кармин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


