| четврток, 6 декември 2018 |

Над 160 жртви во големите борби околу Дамаск

sirijaНајмалку 160 борци загинаа на двете страни во последните два дена во судирите меѓу опозициските сили и сириската армија непосредно до Дамаск. По неодамнешните успеси на владините сили кои го блокираа снабдувањето на бунтовничките сили јужно од престолнината на Сирија, опозициските сили се обидуваат да ја пробијат блокадата. Акцијата започнала во петокот кога стотици бунтовници и џихадисти ги нападнале позициите на армијата.

Sirija (24)Во текот на досегашните борби загинале најмалку 55 бунтовници, седум команданти на единици, и уште 41 припадник на џихадистичките сили на Исламската држава во Ирак и Левантот, блиска на Ал Каеда. Сириската армија загубила 36 војници а загинале и околу 30 припадници на провладините милиции.

По неодамнешното заземање на областите јужно од Дамаск, армијата на владата на претседателот Башар ал-Асад сега се концентрирани на протерувањето на опозициските сили источно и северно од Дамаск

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top