| четврток, 6 декември 2018 |

Симона Станковска- втора придружничка

image
18 годишната Симона Станковска од Скопје ја псвои престижната титула втора придружничка во финалето на изборот на модели International Yachting Models 2013 што се одржа во Кина.
Станковска, член на модното студио Црнокрак, е една од трите први меѓу 60 модели од цел свет. Победничка е претставничката на Киргистан, Марина Клиуг, а прва придружничка е Џанг Ксинг Миао од Кина.
-Уште еднаш во овие месец дена се чувствувам прекрасно и пресреќна сум бидејќи го повторив, всушност го подобрив успехот од Мис Глоб. Се преѕставив во најдобро издание себе си, Македонија и модното студио Црнокрак, кои тука во Кина за време на престојот ми дадоа голема поддршка- порачува Симона.
Станковска е победничка на изборот Мис на Македонија 2013 за МИс Глоб каде минатиот месец во Албанија ја освои титулата трета придружничка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top