Швајцарците на референдумот во недела одбија да ги ограничат менаџерските плати, покажуваат првичните анализи објавени по затворањето на гласачките места. Швајцарците рекоа не и на уште два предлога – за финансиска помош на семејствата и за поскапување на патарините на 100 франци, од сегашните 40.
Според првичните проценки, ограничувањето на менаџерските плати го отфрлиле 65 проценти од гласачите. Имено, големите сопственици во Швајцарија можат да заработат повеќе десетици милиони франци годишно, а со оваа иницијатива се сакаше да се ограничи платниот распон во компаниите на 1:12. иницијативата наречена „1:12 за фер Пеј“ ја поттикнаа младите социјалисти кои собраа 100 илјади потписи потребни за референдум. Иницијативата беше поттикната од идејата дека никој не би требало месечно да заработува повеќе од нечија плата во целата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


