| четврток, 6 декември 2018 |

Таксират се враќа во МКЦ „Од Вардар до Триглав“

indexТаксират Фестивал претставува уште еден дел од годинашната офф-програма. Концертната вечер „Од Вардар до Триглав“ ќе се одржи на 8 декември 2013, ќе го врати Таксират на истата локација од каде што пред точно 15 години, ја започна првата приказна за музичката судбина на Скопје – Младински Културен Центар.

„Од Вардар до Триглав“ на „таксиратџии“ ќе им донесе одлични настапи во живо и прилика да уживаат во концертите на четири музички имиња кои во својот жанр ја предводат младата регионална сцена: најпродуктивниот и респектиран македонски реге состав CONQUERING LION чиј настап е и официјална концертна промоција на новиот албум „Revelation“, истакнатиот српски гараж пост-панк бенд РЕПЕТИТОР, водечкиот глас на словенечкиот хип-хоп N’TOKO и домашните претставници на опасно мелодичниот панк-рок,ФОНИЈА!

Артисти кои имаат квалитет и енергија да го понесат предизвикот да се биде на чело на амбициозниот зафат за будење на локалната музичка сцена, задача која не е нималку лесна за сѐ уште млади бендови „од Вардар до Триглав“.

„Од Вардар до Триглав“ ќе се одржи на 8 декември 2013 во МКЦ, Скопје со почеток во 21:00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде оворен во 20:00 часот. Цената на билетите е 150 денари во претпродажба и 200 денари на влезот во МКЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top