| четврток, 6 декември 2018 |

Му однела марихуана на сопругот во затвор

marihuana3

Пет кривични пријави се поднесени против шест лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, за „овозможување на уживање наркотични дроги“, како и против едно лице за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Кривичните пријави се однесуваат на  Е.Б (18) од Струга кој  во мај годинава од непознато лице  купил една најлон кесичка со 18,94 грама наркотична дрога марихуана за цена од 1.500 денари која била наменета за продажба.

За исто дело кривична пријава е поднесена и за скопјанката  М.М. (37) која во март годинава при посета на својот сопруг кој издржувал казна затвор во КПУ Затвор Скопје се обидела да му предаде 3,5 грама марихуана.

Полицијата поднесе кривични пријави и за П.Т. (24), С.Ц. (26) двајцата од Скопје и Д.М. (24) од Кочани кои препродавале марихуана.

Против скопјанецот А.З. полицијата поднесе кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top