| четврток, 6 декември 2018 |

Четиринаесет годишната Маја се заљубила и побегнала од дома

isceznatodevojce

Четиринаесетгодишна девојка се заљубила и избегала од дома, две недели нема трага неа. Семејството на исчезнатата Маја од село Лешани 12 дена трагаат по единственото чедо. Блажески за Канал 5 велат голготата започнала пред три недели, кога Маја преку Фејсбук се запознала со некое момче, Албанец по националност од Скопје. Се вљубила и еднаш избегала од домот, но по неколку дена после пријавата во полиција се вратила.

Второто бегство го направила минатиот вторник од тогаш и се губи секаква трага.

-Ги замолувам сите институции полиција, влада, луѓето кои ме знаат и не ме знаат, медиумите, сторителот на делото ако сака да ја каже вистината и да го најдам девојчето. Оти јас имам едно девојче и тоа ми е се. Или девојчето да ми се јави дали е жива, вели Ристо Блажески татко на исчезнатата Маја.

Мајката Марица раскажува дека Маја прво ја зааклучила во собата и се качила во автомобилот.

– Отиде кај колата се обиде да ја запали, но не палеше колата. Ме виде мене дека излегувам и избега само чекорите два и ги видов. Отидов надолу да ја барам, но трага не најдов, вели таа.

Маја имала намера да замине со момчето , но тој во својот исказ тврдел дека таа не стигнала кај него. Бабата се сомнева дека таа  ја напуштила државата.

– Се јавив на телефон недостапна, пет шест пати се јавив недостапна. Еднаш ја добив достапна ми се јави велам Маце кај си појдена?, рече бегаме бабо преку Бугарија и толку ми исклучи, повеќе не се јави, вели Милица Блажеска баба на Маја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top