Ноќта меѓу 22 и 23 ноември на ул.„9“ бб-н.Илинден, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 4 пластични касети во кои имало банкноти (од по 100, 500 и по 1,000 денари) од банкомат сопственост на Стопанска Банка АД Скопје. Банкоматот е сместен во кабина на административниот објект на Општина Илинден.
Сторителот влегол преку отворената влезна врата од кабината и со употреба на физичка сила ја спуштил пластичната лизгачка врата надолу, а потоа најверојатно со внесување на бројки во шифрарникот или на друг засега непознат начин ја отворил вратата од сефот, по што ги одзел пластичните касети со пари и го напуштил местото на настанот.
Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тепачка за пари, полицијата го блокирала цел град: Банкомат давал 100-ки наместо 10-ки (видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор


