| четврток, 6 декември 2018 |

Реал, Барса и Атлетико немилосрдни

Барселона со 4:0 ја победи Гранада, Реал Мадрид со убедливи 5:0 славеше на гостувањето кај Алмерија, Атлетико Мадрид со фантастични 7:0 го торпедираше Гетафе

barselona

Убедливо издание на фаворитите во Примера, Барса, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид изгледаа импресивно.

Најпрво Барселона со 4:0 ја победи Гранада.

Каталонците поведоа со два гола од пенал, Иниеста и Фабрегас реализираа од белата точка во првото полувреме за водство од 2:0.

Во вториот дел реализираа Санчез и Педро за конечни 4:0.

Реал Мадрид испука петарда во мрежата на Алмерија.

Роналдо ја отвори серијата уште во 3. минута и долго време беше актуелен тој резултат.

Во вториот дел Бензема зголеми на 2:0, а Бејл, Иско и Мората го докрајчија противникот.

Најубедлив беше Атлетико Мадрид победувајќи го Гетафе со 7:0.

Гарсија и Виља постигнаа два погодоци, по еднаш реализираа Диего Коста и Адриан, Лопо си постигна автогол.

Возбудливо беше на дуелот помеѓу Реал Сосиедад и Селта Виго, во натпревар со пресврти домаќините славеа со 4:3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top