Владата на сепаратистичката шкотска национална партија СНП го определи 24 март 2016 година како датум за прогласување на незавиноста на Шкотска, доколку на референдумот, закажан за идната година, мнозинството Шкотланѓани се определат за отцепување на земјата од Велика Британија.
Заменикот прв министер на шкотската влада Никола Старџин изјави дека определениот датум се наоѓа во посебно направената „Бела Книга“ на властите во Единбург во која се набележани идните чекори на владата што ќе треба да доведат до независноста. Овој документ се прикажува како дел од дебатата во прилог на отцепувањето од Обдинетото Кралство, но во секој случај треба да ги поттикне гласачите да се определат за незавиноста.
Според тоа како владата на СНП го замислува патот до претворањето на Шкотска во независна држава, на 23 март ќе треба да престане да функционира шкотскиот Парламент во сегашниот облик, за да биде промовиран новиот парламентарен состав од пратениците избрани на првите избори на независна Шкотска.
Во „Белата Книга“, чии детали денеска за прв пат се откриваат, се набележани и насоките за преговорите на Единбург со Лондон, во таканречениот период на транзиција и „извлекување на земјата од досегашната Унија“.
Датумот за прогласување на независна Шкотска не е случајно избран затоа што на 24 март 1703 година е направена унија на круните (англиската и шкотската), како дел од процесот за создавање на Обединетото Кралство на Велика Британија.
Министерот за Шкотска во британската влада Алистер Кармајкл го осуди појавувањето на еден ваков документ, инсистирајќи на познатата позиција на Лондон дека Велика Британија е во интерес на сите нејзини гласачи. Кармајкл смета дека сега станува јасно дека целта на властите во Единбург е само датум (за отцепување), отфрлајќи можност за отворање и водење расправа околу ова прашање.
Референдумот за независност е закажан за 18 септември 2014 година.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.