| четврток, 6 декември 2018 |

Кожув ја прекина серијата победи на Работнички

Повеќе нема непоразени екипи во првата кошаркарска лига, откако најтрофејниот македонски кошаркарски тим Работнички беше надигран и го претрпе првиот пораз сезонава на гостувањето кај Кожув со 85:61 (46:35)

kozuv-500 (1)

Мијајловиќ со 18 поени и 6 асистенции уште еднаш беше главна фигура во Кожув, а во одлично светло се прикажа и центарот Гоцевски со18 поени и девет скокови. Божовиќ и Пековиќ беа стрелци на по 11 поени.Во Работнички најпрецизен беше Симоновски со 18 поени, а двоцифрен ефект имаше уште Кнежевиќ (12 поени).
Резултати: Карпош Соколи – Фени Индустри 66:77, Лирија – Куманово97:95, Кожув – Работнички 85:61

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top