![juzen potok](http://republika.mk/wp-content/uploads/2013/07/juzen-potok-520x346.jpg)
Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ ќе обезбеди пренос на гас од Русија до Европа без транзитни ризици – тврди претседателот на Русија, Владимир Путин, кој преку соопштение ги поздрави учесниците на денешната церемонија посветена на почетокот на градежните работи за изградба на дел од гасоводот што ќе минува низ Србија.
-Јужен тек ќе ги поврзи преку дното на Црното море богатите со гас руски наоѓалиште и основните пазари во Југоисточна Европа. На тој начин, ќе бидат обезбедени надежни достави на гориво до европските побарувачи без транзитни ризици. Тоа ќе има значителен придонес во утврдување на меѓународната енергетска стабилност – стои во соопштението од канцеларијата на Путин, пренесвува РИА Новости.
Путин истакнува дека тоа е важен дел не само за Србија и балканските земји, туку и за целиот европски континент. Според него, гасоводот во Србија и блиските земји ќе привлечат во регионот значителни инвестиции кои ќе создадат нови работни места и ќе обезбедат социјално-економски развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.