Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески пред присутните градоначалници на политичката академија за зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа која се оддржува во Крушево,информираше за инфраструктурните проекти кои ги реализира Министерството за транспорт и врски.
Јанакиески посебен акцент стави на на проектите за подобрување на патната мрежа во државата, комуналната инфраструктура како и проектите од железничкиот сектор, а се осврна на новите електронски алатки кои се применуваат при издавањето на одобренија за градење и ги потенцираше позитивните ефекти од нивната примена.
Тој пред присутните градоначалници го најави новиот проект за електронско издавање на согласност за урбанистички планови, како нова електронска алатка која максимално ќе го олесни и подобри транспарентниот процес на работење и ефективноста при процесот на комплетирање на потребната документација и имплементација на Законот за градење.
Министерот Јанакиески ги повика градоначалниците на општините во Република Македонија што е можно побрзо завршување на предметите во делот на легализација и имплементација на Законот за градење, во интерес на граѓаните./крај/мф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.