Македонскиот народ во Чаир, Тетово, Гостивар, Куманово, Маврово, Кичево и Струга да не подлегнува на психолошката војна и притисоците и да не ги продава имотите на Албанците кои плаќаат неброени пари се со цел да оформат и поврзат етнички чиста територија на македонска земја – побара ТМРО.
Во апелот од партијата на Ванчо Шехтански стои:
-Очигледна е зголемената активност на албанските фондови од САД и од Европа во пресрет на финалниот статус на албанското прашање и целта за приграбување на што повеќе македонска земја. Македонците немаат повеќе земја за продажба. Предлагаме итно да се донесе закон за првенство при купување на недвижен имот од физички лица од Република Македонија во наредниот период од 50 години и итни државни економски инвестиции во северозападна Македонија каде 30 години нема државни инвестиции, каде фабриките одамна се во стечај со цел ревитализација на напуштените македонски села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.