Од почетокот на годината до крајот на октомври Турција ја посетиле 31.757.624 туристи, што е за 10,24 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2012 година, соопшти турскиот министер за култура и туризам Јомер Челик.
Најголем е бројот на туристи од Германија, потоа следат Русите и Британците.
Само во октомври 2013 година бројот на странски туристи изнесувал 3.402.460 лица, што е за 11,52 отсто повеќе во споредба со октомври 2012 година.
И во ноември и декември се очекува да продолжи активниот туристички прилив кон Турција.
На аеродромот во Анталија во овој период притигнале рекордни единаесет милиони странци. Вчера на аеродромот во Анталија се оддржа церемонија по повод пристигнувањето на 11-милионитиот турист, а тоа беше брачна двојка од Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.