| четврток, 6 декември 2018 |

Да му помогнеме на Стојанче

stojance

Приказната за големата желба на 11-годишниот Стојанче Димовски да ја победи церебралната парализа и сам да оди да заигра фудбал во тимот на велешка Маалска чешма, ја видоа многу луѓе. Но, досега малкумина финансиски му помогнаа да ги собере потребните 15 илјади долари за лекувањето во Кина. Стојанче и покрај одзивот на хуманите луѓе не успева да ги собере потребните средства за операцијата од церебрална парализа во Кина. Операцијата е закажана за десетина дена, а неговите родители мораа да подигнат и кредит. Во меѓувреме, не сопира надежта на храброто дете дека еден ден ќе застане на цврсти нозе и ќе може да заигра фудбал со другарите. За да не пропадне терминот во тамошната болница родителите на детето подигнаа кредит. На неколку дена пред поаѓањето на Стојанче во Кина неколку граѓански здруженија повторно иницираат хуманитарни забави со цел да се соберат што повеќе пари.
На Стојанче можат да му помогнат сите граѓани на следниве жиро сметки и мобилни телефони на операторите:

ВИП 077/ 143 705
Т-МОБИЛЕ 070/143 105

Трансакциски сметки во СТОПАНСКА БАНКА на име Димовски Стојан
Денарска 200002631002093
Девизна 0026311459

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top