| четврток, 6 декември 2018 |

Израел – Спогодбата на Иран и САД е лоша зделка

UN-GENERAL ASSEMBLY-ISRAEL

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава ја осуди спогодбата за иранските нуклеарни програми и ја нарече „лоша зделка“, која Израел не е обврзан да ја почитува, пренесоа британските медиуми.

-Тоа е лоша зделка, изјави министерот Нафтали Бенет од канцеларијата на премиерот.

„Израел не се чувствува обврзан со оваа лоша, многу лоша спогодба, што беше потпишана“, рече за армиското радио членот на владата Бенет, кој е одговарен за индустријата, трговија, труд и за религиозни заедници и е член на кабинетот за безбедност на премиерот.

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, пак, спогодбата од Женева ја оцени како најголемата дипломска победа на Иран, пренесоа француските медиуми.

-Тоа е најголемата иранска дипломатска победа, со која се постигна признавање на нејзиното таканаречено право да збогатува ураниум, рече Либерман за израелското државно радио.

Израелскиот министер одговорен за разузнавачки прашања Јувал Штајниц, пак, спогодбата ја оцени како далеку од задоволувачка, пренесоа американските медиуми.

Тој предупреди дека женевската спогодба за Иран ќе го доближи Техеран до атомската бомба.

-Израел не може да се вклучи во меѓународното празнување на оваа спогодба, дополни министерот Штајниц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top