Изгледот и не е толку важен. Амбициите и смислата за хумор се пресудни кај жените кога бираат маж.
Новата апликација Лулу која овозможува жените да ги оценуваат своите машки пријатели и бивши момчиња на фејсбук покажува дека за жените најсексапилни особини кај мажите се хуморот, манирите и амбициите. Изгледот е меѓу десетте важни работи на последно место.
Концептот на оценување мажи е од 1 до 10 и покажува што жените најмногу сакаат во целиот пакет.
Апликацијата веќе има милион корисници и е наменета исклучиво за жени. Оценувањето е анонимно, а се гласа за хумор, манири, амбициозност, чувство за обврска и изглед. Дури 80 проценти од корисниците личноста ја ставаатпред физичкиот изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


