Во осмата победа на Атланта во годинешната НБА сезона свој придонес даде и македонската фаланга која ја имаше во значителен број и во препознатлив декор на трибините во Детроит.
Неколку десетици македонски исселеници беа доволни да направат одлична атмосфера препознатлива за натпреварите кои ги игра македонската репрезентација во Европа.
Иако Македонците немаа можност да го видат Антиќ на теренот, сепак беа задоволни од победата на неговиот тим на гостивањето во Детроит.
Нивната поддршка од трибините беше забележана и поздравена од тимот на Атланта за што им се заблагодарија преку официјалните профили на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.