На турнирот учесниците од Велес, Охрид, Куманово, Струмица, Скопје, Гостивар и од Тетово ќе се натпреваруваат во осум борби, од кои две борби ќе бидат од аматерски карактер со заштитна опрема во дисциплината лоу-кик, три борби во дисциплината лоу-кик без заштитна опрема и три ММА борби.
Претседателот на Центарот за боречки вештини „Будо“, Раде Стефановски на вчерашната прес конференција најави дека на присутните ќе им понудат двочасовна квалитетна боречка програма која вреди да се погледне, а за победниците се предвидени и парични награди.
Целта на турнирот е да го вратат сјајот и интересот на публиката за кик-боксот и ММА борбите во Велес и Македонија.
Средствата од продажбата на турнирот кој има хуманитарен карактер, организаторите најавија дека ќе ги наменат за помош на велешанецот Ристо Почев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.