„Металците” вечерва ( 19 ч) на домашен терен во СЦ„ Борис Трајковски” во рамките од 9. коло ја пречекуваат Игокеа.
Тренерот Валда ВукоичиЌ за овој натпревар во составот ќе го има Никола Оташевиќ, а повредата на Ѓорѓи Чековски е веќе минато и тој ќе може да го даде својот придонес во овој дуел.
Игокеа му е стар должник на МЗТ Скопје од минатата сезона, бидејќи успеа да го совлада и дома и на гости.
На овој натпревар за Игокеа, поради повреда нема да натапи Горан Гајовиќ, а неизвесен за е и Драшко Кнежевиќ.
-МЗТ Скопје е сериозен тим и ќе биде многу тешко да ги добиеме на нивниот терен . Нема да ни биде лесно во Скопје. Сепак, играме се подобро и подобро и очекувам и на ова средба да бидеме на највисоко ниво и да победиме, изјави плејмејкерот на Игокеа Немања Гордиќ.
Во останатите дуели се среќаваат: Цибона-Задар, Олимпија-Цедевита, Солноки-Будуќност, Широки-Крка, Раднички-Партизан, Ц. звезда-Мега Визура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Комити повикуваат на собир пред Собранието: Излезете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун