| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Атланта со осми триумф, Антиќ беше на клупа

Атланта на гостувањето кај Детроит оствари победа од 89:96, а македонскиот кошаркар повторно не играше

 

 

Тимовите со најдобар ефект во Источната и Западната конференција во НБА лигата забележаа победи во ноќешните дуели. И Индијана и Сан Антонио 11.победа ја остварија на гостински терен.

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ повторно не доби минутажа во дресот на Атланта која до осмиот триумф дојде на гостувањето кај Детроит.

Постигнати резултати на ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата: ЛА Лејкерс – Голден Стејт 102:95, Портланд – Чикаго 98:95, Далас – Јута 103:93, Њу Орлеанс – Кливленд 104:100, Минесота – Бруклин 111:81, Мемфис – Сан Антонио 86:102, Детроит – Атланта 89:96, Бостон – Индијана 82:97, Торонто – Вашингтон 96:88, Филаделфија – Милвоки 115:107 и Шарлот – Феникс 91:98.

Вечерва играат: ЛА Клиперс – Сакраменто, Индијана – Феникс, Вашингтон – Њујорк, Атланта – Бостон, Мајами – Орландо, Хјустон – Минесота, Милвоки – Шарлот, Сан Антонио – Кливленд, Денвер –Далас и Голден Стејт – Портланд.

Табела Источна конеференција: Индијана 11-1 (победи-порази), Мајами 9-3, Атланта 8-5, Чикаго 6-5, Торонто 6-7, Шарлот 6-7,…

Табела Западна конференција: Сан Антонио 11-1, Портланд 11-2, Оклахома Сити 8-3, Далас 9-4, Голден Стејт 8-5, Хјустон 8-5, ЛА Клиперс 8-5,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top