Јужнокорејскиот електронски гигант „Ел-Џи“ призна дека поради софтверска грешка, некои паметни телевизори испраќаат на компанијата податоци за навиките на гледачите без нивна дозвола.
Вториот најголем производител на телевизори во светот вети дека ќе ја исправи грешката, откако британскиот ИТ консултант Јесон Хантли на својот блог укажа на овој проблем.
Според Хантли Ел-Џи телевизорите собираат и испраќаат информации за тоа кои канали се гледаат и откако оваа опција ќе се исклучи од менито на телевизорот.
– Утврдивме дека некои наши паметни телевизори испраќаат информации за гледањето канали дури и кога корисникот ќе ја исклучи таа функција. Подготвуваме софтверско решение што ќе го исправи овој пропуст, се наведува во соопштението на компанијата.
Најголемиот ривал на Ел-Џи, компанијата Самсунг соопшти дека неговите уреди го немаат овој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.