| четврток, 6 декември 2018 |

“Голдман Сакс“: Златото драматично ќе ја губи вредноста и во 2014

zlato_p

Аналитичарите во “Голдман и Сакс“ предвидуваат дека цената на златото и идната година ќе продолжи со трендот на опаѓање. Засега цената на овој благороден метал падна за дури 26 отсто во оваа година, а се очекува да падне уште најмалку 14 проценти за златна прачка во 2014 година.

Со тоа ќе ја достигне и ќе ја надмине ниската цена од почетокот на 2010 година, кога една унца злато вредела 1.057 долари. Рекордната цена на златото беше постигната во септември 2011 година, кога се искачи на 1.920 по унца, или речиси двојно повеќе.

Златото на светските берзи претрпе нов пад на вредноста, откако беа објавени последните позитивни резултати на американската економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top