| четврток, 6 декември 2018 |

Маскоти, магионичари и аниматор за првиот роденден на „Синеплекс“

Киното „Синеплекс“ утре го слави својот прв роденден. За роденденската забава од Cineplexx велат „Најмладите ќе можат да се забавуваат со нашите маскоти, магионичарот и забавниот аниматор. Ќе цртаат во детското катче и ќе ги креираат нивните роденденски пораки. На влезот на Сити Мол ќе биде поставена нашата кутија со вкусни пуканки. Во фоајето на киното подготвиме уште многу други изненадувања. Сите оние кои се заинтересирани да се прошетаат низ киното и проекционите сали ќе имаат можност во периодот од 17:00ч -18:00 часот да бидат дел од нашите организирани прошетки низ Cineplexx“.

За првата година видена низ бројки додаваат:
„Нашата прва успешна година:
прикажавме 145 филмови;
20 анимирани филмови;
изедовме 12.5 тони пуканки;
изедовме 5350 кг. начос;
преку 16.000 деца беа на роденден во Cineplexx;
преку 100 училишта организирано го посетија киното;
имавме 14.134 проекции;
го прикажавме „Човекот од челик“ 8 дена пред САД;
организиравме 11 Семејни викенди, 4 Men’s Night, 1 Ladies Night и 1 Teens Night
и многу премиери!“

Во текот на целиот утрешен ден цените на кино билетите ќе бидат намалени за 50%.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top