Во првиот натпревар од осмото коло во македонската кошаркарска лига Струмица на домашен паркет ја совлада екипата на Варадар Апаве со 82-75. Уште од првата минута на натпреварот Струмица ја презема иницијативата и со одлична игра во одбраната и брзи контра напади успеа да го скрши отпорот на гостите од Скопје.
Водтството на Струмица во текот на целиот натпревар се зголемуваше се до почетокот на последната четвртина во која се опуштија и им дозволија на „вардарци“ да ја намалат предноста на едноцифрена.
Најефикасен во редовите на домаќините беше Александар Нарања со 19 поени еден повеќе од Ашанти Кук. Во таборот на Вардар се истакнаа Жарко Ѓуриќ со 20 поени и Дарко Костески со 13.
Овие два тима треба да ја бијат битката за последното место кое води во супер лигата.
Во ова коло уште се среќаваат Карпош Соколи-Фени, Лирија-Куманово, а дербито се игра во Гевгелија каде силите ќе ги одмерат Кожуф и Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.