Денес во Битола во Музејот на албанската азбука се одбележаа 105 години од Битолскиот Конгрес каде активностите започнаа со научната трибина „Албанската азбука низ вековите”, објави битолската телевизија „Тера“. Конгресот во Битола се одржал од 14 ноември до 22 ноември 1908 година на кој била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик. Според државниот секретар во министерството за култура тогаш е донесена една од најмудрите одлуки.
Тогаш се предложиле две латински азбуки, со текот на времето преовладеала азбуката која се користи денес, изјави Музафер Беслими, државен секретар во министерството за култура.
Музејот на албанската азбука во Битола е формиран пред 4 години, но иако се соочува со неколку проблеми, тој секогаш е на страната на космополитизмот и соживотот, вели директорот на музејот.
-Музејот на албанската азбука во Битола го надоградува соживотот во градот. Ние сме отворена институција. Низ овие порти минале и Македонци, и Албанци и Турци, и странци. Секогаш стоиме до космолитизмот и соживотот, рече Газменд Хоџај, директор на Музејот на албанската азбука во Битола.
Според Беслими музејот е свето место за сите Албанци.
-Имаше неколку пати беше искршен инвентарот внатре. Имаше напади на вратите. Треба да се објасни дека е една предност и за Битола и од економски аспект, ќе идат луѓе од цел свет не само Албанци, за да се посети едно место каде е родена една азбука. А да не зборуваме за Албанците од Битола и за сите Албанци е едно свето место, вели Музафер Беслими, државен секретар во Министерството за култура.
Во рамките на одбележувањето Тетовскиот универзитет го подари своето лого на Музејот во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


