| четврток, 6 декември 2018 |

Повредените од сообраќајката на Партизанска, пренесени во „8 Септември“ и во Ургентниот центар (галерија)

Страотната сообраќајна несреќа во која се судрија возило на Службата за итна медицинска помош со автомобил марка „волксваген пасат“ на крстосницата од булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција има четворица повредени како епилог.

1474752_649250441792908_1015599410_n

Според СВР Скопје, четворицата се тешкоповредени и тоа: двајца од „пасатот“ и двајца болничари во Итната помош, додека во возилото на Итна помош немало пациент. Двајца повредени се пренесени во Градската болница „8 Септември“, а други двајца се во Ургетниот центар при Клиничкиот центар.

1481237_649250458459573_53573747_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top