| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникарите се борат за „Трескавец“ (фото)

Пожарникарските екипи успеале да се пробијат до запалениот манастир „Трескавец“ кај Прилеп, а во гасењето на пожарот бил вклучен и еден хеликоптер на АРМ.

prilep-treskavec

Според првичните информации, опожарени биле конаците на манастирот, додека црквата не била во опасност.

Центарот за управување кризи апелираше до сите граѓани од подрачјето на Прилеп што поседуваат теренски возила да се упатат кон манастирот и да помогнат во гасењето на пожарот.

prilep-treskavec-2

Манастирскиот комплекс Трескавец потекнува од 13 век. Пред триесетина години манастирот исто така беше опожарен и изгоре целосно, а беше обновен со пари од донации на граѓаните и на прилепските фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top