| четврток, 6 декември 2018 |

Васка Илиева – некрунисаната кралица на изворната македонска песна

Таа со гру­па срп­ски пе­ја­чи при­дру­жу­ва­ни од бел­град­ски­от ан­самбл, во 1952 го­ди­на на­ста­пи­ла во Со­лун, ка­де што поч­на­ла да пее ма­ке­дон­ски па­три­от­ски пес­ни. Гр­ци­те се воз­не­ми­ри­ле и ги из­бр­ка­ле. По­доц­на не­што слич­но ѝ се слу­чи­ло и во Со­фи­ја, ко­га по неј­зи­ни­от на­стап ка­де што от­пе­а­ла не­кол­ку пес­ни за Ја­не и за Го­це, бу­гар­ски­те вла­сти ѝ за­бра­ни­ле да пее во Бу­га­ри­ја

„Со пес­на­та не­кол­ку­па­ти го оби­ко­лив све­тот и ги раз­ве­се­лу­вав лу­ѓе­то, но ни­ко­гаш и ни­ка­де од­на­пред не до­го­во­рив за кол­ку па­ри ќе пе­ам. Јас тоа го пра­вев со ср­це и ду­ша, а лу­ѓе­то тол­ку мно­гу ме са­каа што ме преп­ла­ву­ваа со по­да­ро­ци“. Ва­ка го­во­ре­ше Ва­ска Или­е­ва, не­кру­ни­са­на­та кра­ли­ца на из­вор­на­та ма­ке­дон­ска­та пес­на.

Ко­га поч­на­ла да ра­бо­ти во Ту­тун­ски­от мо­но­пол во Скоп­је по­сто­ја­но им пе­е­ла на вра­бо­те­ни­те, а тие со за­до­волс­тво ја слу­ша­ле. Еден ден за тоа раз­брал та­тко ѝ и по­са­кал да ја слуш­не.

Отка­ко за­бе­ле­жал де­ка не­го­ва­та ќер­ка има пре­кра­сен глас ја ис­пра­тил на ау­ди­ци­ја во „Та­нец“ ка­де што без проб­лем ја при­ми­ле за со­лис­тка. Во по­че­то­кот ги иско­ри­сти­ла пес­ни­те што ѝ ги дал та­тко ѝ, со што по­ле­ка поч­на­ла неј­зи­на­та бле­ска­ва ка­ри­е­ра.

Vaska-Ilieva-2

Васка Илиева на 19 годишна возраст

 

,,Ни­ко, Ни­ко, ме­ан­џи­ко“ е пр­ва­та пес­на со ко­ја Ва­ска на­ста­пи­ла на сце­на­та. По неа „Што има­ла ксмет Ста­ме­на“ и „Аир да не сто­риш мај­ко“ се след­ни­те две пес­ни што ги ис­пе­а­ла во Ста­ри­от те­а­та­рот во Скоп­је.

Во 1954 го­ди­на, не­за­до­вол­на од ста­ту­сот што го има­ла во „Та­нец“, го на­пу­шти­ла друш­тво­то и поч­на­ла да сни­ма за Ра­дио Скоп­је, ка­де што се вра­бо­ти­ла. За кра­тко вре­ме неј­зи­на­та по­пу­лар­ност се зго­ле­ми­ла и по­доц­на ста­на­ла нај­ба­ра­на­та пе­јач­ка не са­мо во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, ту­ку и во ди­јас­по­ра­та.

По­крај со­ло-на­ста­пи­те, пе­е­ла во ду­ет, нај­че­сто со Але­ксан­дар Са­ри­ев­ски, Ни­ко­ла Ба­дев и со Ки­рил Ман­чев­ски. Во ед­но ин­терв­ју, Са­ри­ев­ски за сво­ја­та ко­ле­шка и го­ле­ма при­ја­тел­ка из­ја­вил: ,,На­ши­от ду­ет бе­ше мош­не ус­пе­шен, а со Ба­дев не­по­втор­лив. Ва­ска бе­ше та­лен­ти­ра­на пе­јач­ка, ко­ја на­ста­пу­ва­ше со по­себ­на од­го­вор­ност кон про­фе­си­ја­та. Таа бе­ше про­до­рен ме­цо­со­пран, ед­но­став­но има­ше гр­ло, што ве­ли­ме ние, и тоа ѝ го дал Гос­под. Пес­ни­те што ги пе­е­ше Ва­ска из­ви­ра­ат од­на­тре, од ду­ша­та. Таа при ин­тер­пре­та­ци­ја­та се со­жи­ву­ва­ше со тек­стот и пра­ве­ше ге­сти­ку­ла­ции во сог­лас­ност со не­го. Неј­зи­ни­те пес­ни се за си­те вре­ми­ња“.

Vaska-Ilieva-3

Во друштво на Александар Сариевски и Ранко Рангелов

 

Со­вр­ше­на­та му­зи­кал­ност, из­во­нред­на­та ме­мо­ри­ја – ни­ко­гаш пред кон­церт по­себ­но не се под­го­тву­ва­ла, а пес­ни­те ги пе­е­ла без гре­шка, и без­гра­нич­на­та љу­бов кон пес­на­та, ка­ко да ја пре­до­дре­ди­ле низ го­ди­ни­те да на­пра­ви еп­ски опус во на­род­на­та му­зич­ка риз­ни­ца. Ту­ка е и неј­зи­ни­от глас, ру­сти­кал­но мо­ќен, кри­стал­но чист и бла­го­ро­ден во си­те свои ре­ги­стри и пре­ли­ви. Неј­зи­на­та из­вед­ба ги бу­ди емо­ци­и­те
на слу­ша­те­лот до не­ве­ро­јат­ни гра­ни­ци и го оста­ва без здив. Во пер­и­о­дот од 1954 до 1956 го­ди­на, за­ед­но со Са­ри­ев­ски, Ба­дев, ка­ко и со срп­ски­те пе­ја­чи Цу­не Гој­ко­виќ, Пре­драг Жи­вко­виќ – То­зо­вац и Ле­па Лу­киќ има­ле не­за­бо­рав­ни тур­неи низ по­го­ле­ми­те гра­до­ви во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. Ги при­дру­жу­вал ор­ке­ста­рот на Ко­чо Пе­тров­ски и пе­е­ле иск­лу­чи­тел­но на ма­ке­дон­ски ја­зик. На­се­ка­де би­ле ср­деч­но пре­че­ка­ни, а не­кои од пес­ни­те пуб­ли­ка­та ги пе­е­ла за­ед­но со нив.

Vaska-Ilieva-1Ге­нет­ски пре­до­дре­де­на да има убав глас

Ва­ска Или­е­ва е ро­де­на во скоп­ски Ча­ир, во ста­ра­та град­ска фа­ми­ли­ја на поз­на­ти­от гај­да­џи­ја То­дор Бо­шков и на не­го­ва­та со­пру­га До­ца, на 21 де­кем­ври 1923 го­ди­на. Та­тко ѝ бил дол­го­го­ди­шен гај­да­џи­ја во ан­самб­лот „Та­нец”. Но, и це­ло­то се­мејс­тво би­ло му­зи­кал­но – и та­тко ѝ и мај­ка ѝ пе­е­ле уба­во, и неј­зи­ни­те две се­стри, ка­ко и вуј­ков­ци­те.

Ка­ко екск­лу­зи­вец на ди­ско­граф­ска про­дук­ци­ја на РТБ, Или­е­ва ре­чи­си се­ко­ја го­ди­на се по­ја­ву­ва­ла со но­ва пло­ча. Ком­по­зи­ци­и­те и тек­стот ги под­го­тву­ва­ла са­мо­стој­но, а пуб­ли­ка­та тоа по­себ­но го по­чи­ту­ва­ла. Во тој пер­и­од има­ла и не­кол­ку европ­ски тур­неи, а ја има­ла и таа чест да пее и пред бри­тан­ска­та кра­ли­ца Ели­за­бе­та, Вин­стон Чер­чил, мар­шал Ти­то, и тоа на не­го­во ба­ра­ње. Има сни­ме­но го­лем број пло­чи, ка­ко за ПГБ-РТБ, та­ка и за стран­ски ком­па­нии. Најм­но­гу со­ра­бо­ту­ва­ла со хо­ланд­ски­от ,,Фи­липс” , ка­ко и со по­ве­ќе бел­ги­ски и фран­цу­ски ком­па­нии.

Vaska-Ilieva-5На ре­пер­то­а­рот по­ве­ќе од ил­ја­да пес­ни од кои 150 автор­ски

Ва­ска Или­е­ва има­ше ста­тус на на­ро­ден умет­ник, пред сѐ, бла­го­да­ре­ние на иск­лу­чи­тел­ни­от при­до­нес во не­гу­ва­ње­то и во афир­ма­ци­ја­та на на­ше­то фолк­лор­но би­тие. Неј­зи­ни­те пес­на и глас не се за­бо­ра­ва­ат. Таа е ве­ли­кан кон кој се­ко­гаш тре­ба да се од­не­су­ва­ме со осо­бе­на по­чит, а тоа го по­твр­ду­ва­ат и мно­гу­број­ни­те ме­ѓу­на­род­ни и до­маш­ни приз­на­ни­ја за неј­зи­но­то му­зич­ко де­ло. Ре­пер­то­а­рот на не­кру­ни­са­на­та кра­ли­ца на ма­ке­дон­ска­та из­вор­на пес­на имал по­ве­ќе од ил­ја­да пес­ни од кои око­лу 150 се неј­зи­но автор­ско де­ло.

Со гру­па срп­ски пе­ја­чи при­дру­жу­ва­ни од бел­град­ски­от ан­самбл, во 1952 го­ди­на пре­ку бел­град­ска­та кан­це­ла­ри­ја за естра­да на­ста­пи­ла во Со­лун. Ко­га сре­де Со­лун поч­на­ла да пее ма­ке­дон­ски па­три­от­ски пес­ни, Гр­ци­те се воз­не­ми­ри­ле и ги из­бр­ка­ле. По­доц­на не­што слич­но ѝ се слу­чи­ло и во Со­фи­ја, ко­га по неј­зи­ни­от на­стап ка­де што от­пе­а­ла не­кол­ку пес­ни за Ја­не и за Го­це, бу­гар­ски­те вла­сти ѝ за­бра­ни­ле да пее во Бу­га­ри­ја. Че­сто пе­е­ла на по­гра­нич­ни­те сред­би ка­де што неј­зи­ни­те на­ста­пи со оду­ше­ву­ва­ње би­ле прос­ле­де­ни од Ма­ке­дон­ци­те во пи­рин­ски­от и во егеј­ски­от дел од Ма­ке­до­ни­ја.

По дол­го вре­ме, во 1996 го­ди­на грч­ки­те вла­сти два­па­ти ѝ доз­во­ли­ле да вле­зе во Гр­ци­ја об­јас­ну­вај­ќи им де­ка оди на го­сти и де­ка не­ма да пее. Но, во ор­га­ни­за­ци­ја на „Ви­но­жи­то “ таа одр­жа­ла два кон­цер­та во Ле­рин­ско и во Во­ден­ско, кои ќе оста­ват не­из­бриш­ли­ва тра­га во неј­зи­на­та ме­мо­ри­ја. Та­му го одр­жа­ла нај­дол­ги­от кон­церт во сво­ја­та ка­ри­е­ра. Пе­е­ла од плад­не до след­ни­от ден во ра­ни зо­ри.

На­со­бра­ни­от на­род со ова­ции ја прос­ле­ду­вал се­ко­ја пес­на на Ва­ска, а мно­гу­ми­на од нив со сол­зи ги пе­е­ле пес­ни­те за­ед­но со неа.
Ѝ при­о­ѓа­ле, са­ка­ле да ја гуш­нат, да ја бак­нат и ѝ да­ва­ле без­број по­да­ро­ци. Те­тка Ва­ска за­бе­ле­жа­ла де­ка та­му сѐ уште е сил­на ма­ке­дон­шти­на­та и де­ка лу­ѓе­то се жел­ни за ма­ке­дон­ски­те пес­ни и ора.

Во ед­но ин­терв­ју за вес­ни­кот „На­род­на вол­ја” таа из­ја­ви­ла: „Не мо­же­те ни да прет­по­ста­ви­те ка­ква еу­фо­ри­ја бе­ше тоа и со ка­кви емо­ции лу­ѓе­то ги пе­е­ја пес­ни­те за­ед­но со ме­не. Ед­но­став­но, не мо­же чо­век да не зап­ла­че“.

Ин­те­рес­ни случ­ки од тур­не­и­те

На тур­не­и­те мно­гу че­сто па­ту­вал и ху­мо­ри­стот и ими­та­тор Ран­ко Ран­ге­лов. „Се се­ќа­вам де­ка бе­ше кон­церт во ед­но би­тол­ско се­ло. Има­ше мно­гу на­род, а са­ла­та бе­ше ма­ла. Ва­ска из­ле­зе на сце­на­та и поч­на да пее. Пуб­ли­ка­та се оду­ше­ви и во еден миг под­ло­га­та про­пад­на! Се на­пра­ви вре­ва и Ва­ска пре­ста­на да пее. То­гаш се при­диг­на еден од пуб­ли­ка­та и ѝ ре­че: Ва­ске, ти про­дол­жи да пе­еш, а ние ќе се снај­де­ме. На­ста­на оп­шта смеа и Ва­ска про­дол­жи да пее. На кра­јот ѝ да­доа за по­да­рок жи­ва ко­ко­шка, да ја но­си за Скоп­је“, ја за­вр­шу­ва при­каз­на­та Ран­ге­лов.

По­доц­на Ва­ска се оби­де­ла да одр­жи уште еден кон­церт во егеј­ски­от дел, но ко­га при­стиг­на­ла во Со­лун по­ли­ци­ја­та ја ле­ги­ти­ми­ра­ла, ја вне­ла на „цр­на­та ли­ста“ и ја вра­ти­ла во Ма­ке­до­ни­ја.

По по­вод 50 го­ди­ни од неј­зи­но­то му­зич­ко тво­реш­тво, во ор­га­ни­за­ци­ја на фон­да­ци­ја­та „Бла­го­ве­стие“, во по­че­то­кот на 2001 го­ди­на бе­ше одр­жан кон­церт во Уни­вер­зал­на са­ла во Скоп­је. На­бр­гу по кон­цер­тот, Или­е­ва по­чи­на на 4 мај 2001 го­ди­на. Жи­ве­е­ше за пес­на­та и таа и бе­ше сѐ во жи­во­тот.

Vaska-Ilieva-4

Дел од неј­зи­ни­от бо­гат му­зич­ки опус

– Мост ми ѕи­даа де­вет мај­сто­ри

– Из­ле­гол не­вен Пе­јо

– Из­ле­гол Ја­не Сан­дан­ски

– Се­стра ми­ли бра­та за ве­че­ра

– Суд­бо мо­ја суд­би­но

– Кој што ме чуе да пе­ам

– Пе­тро­ле пи­ле ша­ре­но

– И ние сме де­ца на мај­ка­та зем­ја

– Че­тво­ри­ца ко­ми­ти

– Зем­јо ма­ке­дон­ска

– Зап­ла­ка­ло е Ма­ри­о­во

Текст објавен во 4. број на неделникот Република (28 септември 2012)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top