| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Нема причини за заладување на односите меѓу Москва и Анкара

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека не гледа причини за заладување на односите меѓу Русија и Турција, потенцирајќи дека тие активно се развиваат во сите сфери.

-Ние може да имаме разлики за одделни прашања, но тоа не води до заладување на односите – изјави денеска Путин на заседанието на руско-турскиот Совет за соработка на највисоко ниво во Санкт Петербург.

Според Путин, руско-турските врски се развиваат интензивно во сите сфери, а политичкиот дијалог меѓу двете земји е нормален, јавува ИТАР-ТАСС.

Путин истакна дека Русија и Турција работат заедно на решавање на клучните регионални и
меѓународни проблеми, како билатерално, така и во рамките на ОН и Г20.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top