| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Барселона е мојот живот

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси изјави дека сака да ја заврши кариерата во каталонскиот клуб.

– Сакам до крајот на кариерата да останам во Барселона – рече Меси за шпанскиот спортски весник „Марка“.

Последен во низата заинтересирани кој во своите редови сака да го види четирикратниот добитник на „Златна топка“ е и новиот сопственик на Интер, Ерик Тохир.

– Мило ми е што клубовите се заинтересирани за мене, горд сум поради тоа, но Барселона е мојот живот – рече Меси.

Аргентинскиот интернационалец додаде дека неговиот син Тијаго го прави најсреќниот човек на светот.

– Кога ќе дојдам дома од пат или после тренинг и кога ќе го видам како се смее, среќен што ме гледа, тоа чувство не може да се спореди со ништо – вели Меси.

Тој, исто така, нагласи дека најважно му е на детето да му овозможи услови за квалитетно образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top