| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Новицки има постигнато 25.280 поени досега

Германскиот кошаркарски интернационалец во натпреварот со екипата од Тексас успеа да запише нови поени, кои му донесоа напредок на вечната листа на стрелци во најсилната лига на светот

dirk nowitski

Новицки го престигна легендарниот НБА-шутер Реџи Милер и го зазеде 15. место на престижниот список кошгетери.

Во досегашниот дел од кариерата Германецот за 16 сезони минати во составот на Далас Маверикс постигна 25.280 поени и сега ќе го брка сѐ уште активниот ривал Кевин Гарнет, кој е на 14. позиција со 25.340 поени.

Пред само некоја недела, Новицки го мина и Џери Вест, играчот чијашто силуета е на логото на северноамериканската професионална кошаркарска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top