| четврток, 6 декември 2018 |

Кина: Шест лица загинаа во пожар на нафтовод

Шест лица загинаа, а седум други се тешкоповредени при пожар што избувна денеска на еден нафтовод во источниот дел на Кина, соопштија кинеските власти.

Пожарот избувнал при отстранување дефект на нафтоводот во близина на еден трговски центар во градот Џингдао, на источниот брег на Кина.

Властите прецизираат дека локацијата на која дошло до пожарот е далеку од каква било нафтена инсталација или воен објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top