Мртовечки ковчег во кој имало нешто што личи на човечко тело завиткано во најлони и облечено во црно здолниште вчера попладне било забележано до паркингот зад Домот на култура во најстрогиот центар на Охрид, јави „Охрид 1“.
Граѓаните од околните висококатници испаничено се јавувале во локалните медиуми и тврделе дека ковчег за мртовци со нешто оставено во него стои исфрлен до контејнерите.
Откако дошла полицијата по кратка истрага било утврдено дека ковчегот го исфрлиле од Домот на култура, а бил користен за театарски претствави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.