Десничарската, антиимигрантска Данска народна партија (ДФ) денеска го препушти градоначалничкото место, кое можеше да го преземе од Социјалдемократите во замена за ветување дека на менито во јавните кантини ќе има повеќе свинско месо.
Со оглед на исходот на локалните избори ДФ можеше да ја освои првата општина водржавата – Хвидовр, на 10 километри јужно од Копенхаген.
По еднодневни преговори, ДФ одлучи да не биде сменет актуелниот градоначалник од социјалдемократите, а за возврат бараа на централниот градски плоштад повторно да се стави божиќна елка и во јавните кантини да се служат поголем број типични дански јадења.
– Јадењата како што се намачкан леб, мелено месо и свинско печено месо. Принципот е да се сервираат типични дански јадења, објасни Микел Денкер од ДФ, кој беше кандидат за градоначалник во Хвидовр.
Неговата партија во предизборната кампања ветуваше и враќање на „фрикаделер“ (данско ќофте) истакнувајќи дека Данска го загубила идентитетот со тоа што тој специјалитет веќе го нема на менијата во рестораните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


