| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски го повтори прашањето – Зошто Шекеринска не е претседателски кандидат?!

sdsm 14ti kongres (7)

Зоран Јовановски, еден од кандатите за лидер на СДСМ на последниот конгрес на СДСМ и некогашен потпретседател на партијата уште еднаш побара одговор од сегашната потпретседателка Радмила Шекеринска зошто не сака да биде кандидат за претседател на Македонија.

– Во интервјуто во Фокус Шеќеринска не одговори на моето прашање зошто таа не е претседателски кандидат за изборите во 2014 година. Јас и понатаму мислам дека таа би била добар кандидат, не знам зошто таа не мисли така. А, мојата логика е многу јасна: ако Заев е кандидатот за премиер, сосема логично е Шеќеринска да биде кандидатот за претседател на Македонија. Според она што го видов во Утрински, Шеќеринска не сакала да биде на листата на можни претседателски кандидати ни на анкета што ја нарачал самиот СДСМ. Не разбирам, зошто? – напиша тој на фејсбук.

Ова не е прв повик на Јовановски Шекеринска да се кандидира за претседател на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top