| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието во рамки на 77. седница донесе повеќе закони

Собранието на Република Македонија на попладневното заседание на 77. седница донесе 46 закони. Оваа седница ќе продолжи на 2 декември.

Меѓу законите кои беа прифатени се измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за детективската дејност, на Законот за оружјето, измените на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и други.

Пратениците ги изгласаа и дополнетите предлози на измените и дополнувањата на Законот за стечај, на Законот за
енергетика, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за хемикалии и други.

На претпладневното заседание на 77. седница пратениците го избраа Никола Рилковски за претседател на Државната изборна комисија, а Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд на Република Македонија.

Беа изгласани и други одлуки и прифатена потребата за донесување на закони по скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top