Реномираниот македонски оперски пејач Игор Дурловски ќе настапи во операта „Самовилите“ на Рихард Вагнер, со која Операта во Лајпциг, Германија, ќе се придружи во одбележувањето 200 години од раѓањето на големиот германски композитор.
Реномираниот бас е на интензивни подготовки за неговото деби во улогата на Кралот на самовилите. Проектот е копродукција меѓу градот Лајпциг — родниот град на Вагнер, и фестивалот “Bayreuth Festspiele”, еден од најголемите оперски фестивали.
– Среќен сум што сум дел од вагнеровиот јубилеј по повод 200 години од неговото раѓањето, кој се слави во неговиот роден град Лајпциг. Ова го сметам за едно од моите најголеми достигнувања бидејќи фестивалот важи за еден од најзначајните настани воопшто – вели Дурловски.
Диригент на претставата е Улф Ширмера. Премиерата ќе биде директно емитувана на државната германска телевизија МДР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


