Во сообраќајна незгода што се случи утринава околу 9 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен на превалецот Буково, повреден е струшкиот советник Медин Цаноски, објави „Охрид нет“. Од засега непознати причини тој со своето возило „опел корса“ излетал од патот.
28-годишниот Цаноски со лесни телесни повреди е згрижен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Двајцата патници што биле со него во автомобилот со помали повреди се пуштени на домашно лекување. Полицијата извриши увид на лице место а дополнително ќе се утврдуваат причините за излетувањето од патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Заев вработува посебен советник за труд и социјална политика, плата 50.000 денари
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


